Септолете плус содржи локален анестетик, кој ја намалува болката во грлото. Пациентите почувствуваа намалена болка по 15 минути од земањето на првата пастила Септолете плус. Клиничките студии покажуваат дека пастилите Септолете ја намалуваат болката во грлото.
Септолете ја отстрани или ја намали болката во грлото кај 90% до 100% од пациентите кои беа вклучени во клиничките студии. Ефикасноста на Септолете е потврдена од пациентите и лекарите. Подобрувањето се должи на уништувањето на микробите во устата и грлото,кои ги предизвикуваат непријатните симптоми на воспаление (болка, гребење, чешање).
Септолете го спречи ширењето на посериозни инфекции во грлото кај 96,2% до 100% од пациентите кои учествуваа во клиничките студии. Почетните инфекции во устата и грлото може да се развијат во посериозни инфекции (т.е. инфекции предизвикани од стрептококи), за кои е потребен лекарски преглед. Според тоа, од особена важност е почетното воспаление да се третира со антисептик, кој уништува што е можно повеќе штетни вируси, бактерии и габи. Септолете содржи антисептик кој се покажа ефикасен против бројни штетни микроби и е поефикасен во споредба со други антисептици.
Антисептиците во Септолете имаат јака површинска активност па затоа можат да навлезат и до тешко достапните места од мукозната мембрана во усната празнина, каде се насобрани микроби. На овој начин се постигнува совршена ефикасност на Септолете.
Септолете ја отстрани болката во грлото кај 93% од децата кои учествуваа во студијата и не се појавија несакани ефекти. Тие се наменети за деца постари од 4 години и Септолете плус за деца постари од 6 години.
Корисниците, докторите и фармацевтите веруваат во Септолете и ја потврдуваат неговата ефикасност. Бројот на потрошувачи постојано се зголемува. Денес Септолете е веќе достапен на 27 пазари. Септолете добива признанија од корисниците и стручните лица за најдобар производ против болки во грлото во разни европски земји.