Пијте повеќе течности (вода, чај, топла супа) Корист - Ќе ги надополните изгубените течности како резултат на зголеменото лачење секрет и/или зголемена температура.
Избегнувајте кафе и алкохол.Корист - Ќе ја намалите можноста од дехидрирање.
Правете гаргара со мешавина од сол и млака вода. Корист - Ќе ви помогне да го ублажите непријатното чувство во грлото.
Јадете мед и лимон. Корист - Тоа ќе ја обложи слузокожата, што пак привремено ќе го ублажи чувството на иритација во грлото и ќе Ве ослободи од болка.
Навлажнете го воздухот во домот. Корист - Ќе ја навлажните сувата слузокожа и ќе заспиете полесно.
Избегнувајте пушење и загаден воздух. Корист - Ќе ги избегнете двата фактори кои дополнително го иритираат воспаленото грло.
Избегнувајте гласно и долго зборување. Корист - Ќе спречите влошување на воспалението на грлото и на ларинксот, што може да доведе до привремено губење на гласот.
Останете дома. Корист - Нема да ја проширите инфекцијата на други лица.
Спречете го непријатното чувство во грлото
Одржувајте го имунолошкиот систем силен (спијте доволно, намалете го стресот, бидете физички активни, хранете се здраво) Корист - Тоа ќе му помогне на вашето тело полесно да се одбрани од инфекциите.
Пијте доволно течности. Корист - Ќе спречите дехидратација.
Мијте ги рацете редовно, особено кога сте во контакт со болни луѓе. Корист - Ќе спречите ширење на микробите.
Избегнувајте гласно и долго зборување. Корист - Ќе избегнете појава на ларингит, кој понекогаш предизвикува губење на гласот.
Дали сте по изложени на болно грло? Зачувај го тестот!
Секој потврден одговор значи зголемена можност за болно грло.