Децата го чувствуваат болното грло поинаку
Кога децата ги боли грлото, тоа е особено непријатно
Болките во грлото кај децата се понепријатни отколку кај возрасните, со оглед на тоа дека честопати се проследени со растечен или затнат нос, осип на кожата, зацрвенети очи, како и покачена телесна температура и општо чувство на слабост. Најголемиот дел од овие проблеми се предизвикани од вируси.
Но, веројатно секој родител го памети последниот пат кога болното грло го натерало малиот херој да зборува тешко со болки во грлото. Тоа е резултат на стрептококни бактерии кои претставуваат 15-20% од инфекциите во грлото, особено кај децата на училишна возраст.
Децата се особено подложни на инфекции
- кога нивното општо здравје е лошо
- кога се во контакт со други деца (во градинка, на училиште)
- кога хигиенските услови се лоши
- Интересно
Подложни сме на инфекции во текот на сите годишни времиња бидејќи некои микроби се појавуваат почесто во зима и на есен, некои на лето, а пак некои во текот на целата година.
Не постои најдобар рецепт за лекување
Тешките бактериски инфекции се третираат со антибиотици, кои пак не се ефикасни против вирусни инфекции. Вирусни или благи бактериски инфекции може да поминат со одмор и земање лекови кои ги отстрануваат причините и ги намалуваат симптомите на инфекцијата:
- Антисептици ги уништуваат микробите и спречуваат нивно размножување.
- Некои лекови против болно грло исто така содржат локален анестетик, кои ја намалуваат болката на местото на инфекцијата.
- Аналгетици ја намалуваат болката, но не ги уништуваат микробите.
- Дали сте знаеле?
Најефикасните антисептици уништуваат разни бактерии, вируси и габички. И антисептиците во Септолете делуваат на тој начин.
Следниве лекови може исто така да се корисни:
- Лекови за олеснување на кашлицата,
- Средства за навлажнување на носот
- Лекови за намалување на секрецијата од носот
- Лекови за намалување на телесната температура
Што со чајот со мед и лимон?
Кога да го однесете детето на лекар?
- Ако воспаленото и болно грло е единствениот симптом и трае подолго од 48 часа.
- Ако воспалението и болката во грлото се придружени со други симптоми кои траат подолго од 5 дена.
- Ако зголемената телесна температура трае подолго од 3 дена.
- Ако здравствената состојба се влошува.
- Ако детето има проблеми со дишењето.
- Ако детето има проблеми при голтањето течности или плунка.
- Ако детето дехидрира.
- Ако детето било во контакт со лице кое има стрептокока во грлото.
- Ако воспаленото грло е придружено со болка во ушите или во делот на параназалните синуси.
- Ако детето има осип.
- Ако детето е помало од 2 години.
- Важно
Како резултат на болки во грлото децата одбиваат да јадат и пијат, што може да доведе до дехидратација. Заради тоа, болката треба да се отстрани што е можно побрзо.
Септолете се особено прилагодени за деца
- Ја отстрануваат непријатната болка во грлото.
- Достапни се со вкус на дива цреша, лимон и јаболко, вкусови кои што децата повеќе ги сакаат во споредба со вкусот на ментол.
- Децата и лекарите изјавуваат дека Септолете делува без да предизвика несакани ефекти.
Кога и како треба децата да земат Септолете