Во Крка, ние постојано ја докажуваме ефикасноста и безбедноста на нашите производи, па дури и кога станува збор за меѓународно признати брендови, како што е Септолете. Во клиничките студии за Септолете, приближно беа вклучени 2000 возрасни и деца од разни европски земји. Сепак, ние планираме нови студии во кои ќе бидат вклучени најдобрите клинички центри на пазарите каде што Септолете е присутно. Ве молиме прочитајте подолу што сме испитале во досегашните студии.
Бројот на штетните микроорганизми се намалува веќе по земањето на првата пастила. Септолете помага во обновувањето на рамнотежата на природната микрофлора. (1, 2)
Во студијата беа вклучени возрасни и деца со воспаление на ларинксот и фаринксот. По земањето Септолете во период од 5 до 7 денови, беа добиени одлични резултати:
Пастилите Септолете плус почнуваат да ја отстрануваат болката веднаш и имаат долготрајно дејство. Пациентите вклучени во студијата оценија дека болката е значително намалена веќе по 15 минути од земањето на пастилата. Дејството трае од 2 до 3 часа. (3)
Исто така, Септолете пастилите ефикасно ослободуваат од болка. На почетокот на студијата, повеќе од 90% од пациентите чувствуваа умерена или јака болка при голтање, додека пак на крајот од студијата помалку од 10% од пациентите го имаа истото чувство. (4,5)
Септолете овозможува оздравување или подобрување во случај на воспаление на грлото кај 93% од децата. Тие ефикасно штитат од понатамошни инфекции. Не се забележани несакани дејства за време на студијата. (5)
Референци