Можете ли да ја замислите зимата без барем една настинка? Болките во грлото честопати ја придружуваат настинката; сепак, не секогаш се јавуваат како резултат на настинката. Можеби сте изложени секојдневно на инфекции. Проверете. Прочитајте зошто микробите се особено опасни во зима.
Настинката и грипот и понатаму се главната причина за воспаление и болки во грлото. Вирусите кои предизвикуваат настинка и грип се особено активни во зима. Понекогаш вирусната инфекција е проследена и со бактериска инфекција.
Во текот на студените месеци претпочитаме да бидеме на затворено, каде што сме изложени на повисока концентрација на вируси во воздухот и на предметите (пр. на масата, на компјутерот, на разни предмети).
Сувото зимско време ги суши дишните патишта, што ги прави почувствителни на инфекции.
Вежбањето на свеж воздух ни помага да го одржиме имунолошкиот систем. Во текот на студените месеци поминуваме помалку време на отворено, и на тој начин нашето тело не добива дополнителна помош при одбраната од микроби.
Кога ни студи, особено на нозете, крвните садови во носната слузокожа и во грлото се собираат. Нашето тело одвај може да се одбрани од вирусните инфекции на настинка и грип.
Воспалението на грлото може да се развие во посериозна инфекција без оглед на причината. Според тоа, не заборавајте – воспалението најуспешно се лекува со лекови, кои:
Септолете е вистинскиот избор. Погледнете го видео материјалот и уверете се.