Порано зборувавме за болно грло во зима, пред се поврзано со настинката. Поактивниот животен стил носи повеќе инфекции на грлото и во летните месеци. Подолу ќе видите што ги предизвикува.
Во летните денови не можеме да избегнеме излегување од климатизирани простории на летната жештина надвор. Ненадејните промени на температурата може да бидат многу стресни за телото, па така тоа станува по подложно на микроби. Развојот на болести, како и инфекциите на грлото според тоа, се почести.
На лето, исто така, честопати зборуваме многу гласно и многу долго, на пр. за време на активности на плажа, за време на жива музика на хотелската тераса или при екстремни спортови. Во тие случаи слузокожата станува сува и иритирана. Се јавуваат остра болка и непријатно чувство во грлото.
Секаде каде што има групи луѓе, т.е. во авиони, автобуси и возови, постои поголема можност за инфекции, вклучувајќи и инфекции на грлото. При патување во странство луѓето исто така се изложени и на поголем ризик од микроби на кои тие не се отпорни.
Во зима вирусите на настинка се шират побрзо и полесно, но и на лето не сме заштитени од нив. Ние сме изложени на микроби кога нашиот имунолошки систем е изложен на други болести, под стрес, лоша исхрана или недостаток од вежби.
Некои хемиски супстанции кои ги вдишуваме ја иритираат слузокожата. Таквата иритација се изразува како непријатно чувство на остра болка во грлото.
На лето, болното грло е подеднакво непријатно како и во зима. Може исто така да се развие во посериозна инфекција. Според тоа, не заборавајте - воспалението најуспешно се лекува со лекови, кои:
Септолете е вистинскиот избор и во лето. Погледнете го видео материјалот и уверете сe.