Велите Ве боли грло? Дали навистина Ве боли?

Болка при голтање може да биде последица на болно грло или фаринкс.

Грлото е горниот дел од трахејата, па според тоа е дел од респираторниот тракт. Покрај улогата за дишење, грлото има важна улога и при зборување и заштита од инфекции. Гласните жици се активни кога зборуваме и епиглотисот штити од навлегување на храната во дишните патишта.  

Фаринксот е раскрсница на дишните патишта и околните канали кои се поврзани со нив и со езофагусот. Неговите најважни функции се голтање и дишење. Фаринксот исто така функционира и како резонантен орган при вокализација. Фарингијалните лимфни јазли го штитат телото од инфекции.

При воспаление на фаринксот често се јавуваат остра болка и гребење во грлото, додека пак воспалението на ларинксот вообичаено се поврзува со засипнатост и губење на гласот.