Антисептик кој се содржи во Септолете и Септолете Д пастилите. Ги уништува разните бактерии, вируси и габички, како и некои патогени микроормганизми кои предизвикуваат болно грло.
Антисептик во Септолете плус и Септолете со вкус на дива цреша, зелено јаболко и лимон. Уништува разни бактерии, вируси и габички, како и некои патогени микроорганизми кои предизвикуваат болно грло.
Локален анестетик кој е присутен во Септолете плус. Ја оневозможува трансмисијата на нервниот импулс преку невроните и на тој начин веднаш ослободува од чувството на болка.
Габа која живее во устата и грлото. Candida albicans е најспецифичен член од родот. Вообичаено не предизвикува никакви проблеми, но сепак, може да се јават компликации кога природната микрофлора е оштетена како резултат на ослабен имунолошки систем, при употреба на антибиотици или стероиди како и некои заболувања. Во усната празнина предизвикува соор - бели точки на слузокожата.
Тоа се супстанции кои уништуваат разни микроби. Некои антисептици уништуваат само бактерии, други бактерии и габички, а некои и вируси. Банзокаин хлорид и цетилипиридин хлорид во Септолете делуваат врз разни видови бактерии, вируси и габички, како и врз некои патогени микроорганизми кои предизвикуваат болно грло.
Хемиски состојки кои го уништуваат или инхибираат развојот на микробите, како што се бактериите, габичките и протозоите. Сепак, може да се развие отпорност на антибиотици што ги прави неефикасни, дури и кога се најпотребни. Според тоа, се препорачува рационално користење на антибиотиците.
Вирусите во устата и грлото ја уништуваат мукозната мембрана која станува поподложна на инфекции. Воспалението кое се јавува како резултат на вакво оштетување предизвикува зголемено создавање на слуз, што е идеална средина за размножување на бактериите. Тоа може да доведе до секундарна бактериска инфекција, која пак може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.
Микроорганизми кои нормално се присутни во човечкиот организам и го заштитуваат од инфекции предизвикани од штетните микроорганизми.