Најчесто Поставувани Прашања



За лекување на болно грло

Дали бонбоните со ментол го лекуваат воспалението на грлото?

Ментолот помага при намалување на чувството на болка но не ги уништува штетните микроби. Бонбоните со ментол не ја отстрануваат причината за воспаление и не штитат од развој на посериозни инфекции во грлото. За лекување на воспаление се препорачува да се користат лекови кои содржат антисептик, додека пак во случај на појака болка, се препорачуваат лекови кои содржат локален анестетик како дополнување на лекувањето со антисептик. 

Дали чај со лимон помага при ослободување од болки во грлото?

Предлагаме да го погледнете видео материјалот Зошто чајот на помага.

Како да знаеме дали болката во грлото е предизвикана од стрептококи?

Ангината почнува одеднаш со зголемена телесна температура и болки во фаринксот. Болката може да биде толку јака што може да имаме тешкотии при голтање плунка. Мукозната мембрана во устата и фаринксот се зацрвенува и крајниците натекуваат и понекогаш се покриени со бели наслаги. При ангина честопати се јавуваат и главоболка, чувство на настинка*(влошена општа состојба)*, болки во стомакот и повраќање. Доколку се сомневате дека се работи за ангина, треба да одите на лекар.

Кои несакани дејства може да се јават од лековите против болно грло кои може да се купат без лекарски рецепт? Може ли тие да бидат штетни?

Антисептиците за грло многу ретко имаат несакани ефекти, ако ги земате како што е наведено во упатството за употреба. Може да се јават гастроинтестинални пореметувања или чувство на парализиран јазик. Со оглед на тоа дека на пазарот се достапни производи кои содржат различни активни супстанции, така и несаканите дејства може да бидат различни. Пред да земете било каков лек, прочитајте го упатството за употреба или консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Дали клима уредите предизвикуваат болно грло?

Излегувањето од климатизирани простории на лето на висока воздушна температура или обратно, може да биде стресно за телото. Отпорноста на микробите е намалена и според тоа, постои поголема веројатност за развој на болест, вклучувајќи и инфекции во грлото. Проверете кои други фактори предизвикуваат воспалено грло во лето.

Што, покрај настинката, предизвикува болно грло?

Појавата на болно грло во лето и во зима е последица на различни фактори.

За Септолете

Дали Септолете со овошни вкусови се послаби од другите Септолете производи?

Септолете со овошни вкусови го имаат истиот ефект врз микробите како и другите Септолете. Единствено се додадени супстанции за вкус.

Како да ги одберам најсоодветните Септолете пастили за мене?

Септолете производите се разликуваат според симптомите кои ги отстрануваат, вкусот и присуството на шеќер. Можете да одберете кој Септолете производ ќе го употребите преку решавање на интерактивниот квиз.

Дали антибиотиците се поефикасни од Септолете?

Антибиотиците ги уништуваат бактериите поефикасно, сепак, може да се јави отпорност кон антибиотици што ги прави неефикасни. Исто така, тие не дејствуваат против вируси кои предизвикуваат воспалено и болно грло.

Антибиотикот го препишува лекар во случај на посериозна бактериска инфекција додека пак кај вирусните или помалку сериозни бактериски инфекции се препорачуваат Септолете, кои дејствуваат против бактерии, како и против вируси и габички.

Од кои посериозни инфекции штити Септолете?

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. Вирусите влијаат на состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено излачување на секрет, што е идеална средина за развој на бактерии. Ова може да доведе до секундарна бактериска или габична инфекција, која може да се пренесе до параназалните синуси, ушите и белите дробови.

Дали деца може да земаат Септолете?

Деца постари од 4 години може да земаатСептолете, Септолете Д, Септолете дива цреша, лимон, зелено јаболко, додека пак деца постари од 6 години може да земаат Септолете плус.

Септолете се особено прилагодени за децата:

  • Тие ослободуваат од непријатната болка во грлото.
  • Достапни се со вкус на дива цреша, лимон и јаболко, вкусови што децата повеќе ги сакаат во однос на вкусот на ментол. 
  • Децата и лекарите потврдија дека Септолете дејствува без да предизвика несакани дејства.

Колку брзо делуваат Септолете?

Антисептикот, кој ги уништува микробите, почнува да дејствува веднаш. Клиничките студии покажуваат дека бројот на штетни микроорганизми е значително намален по земањето уште на првата Септолете пастила.

Кога симптомите на воспалението ќе бидат отстранети зависи исто така и од интензитетот на симптомите и надворешните фактори на кои сме изложени.

Пастилите Септолете плус почнуваат да ја намалуваат болката во грлото веднаш. Чувството на намалување на болка е испитувано  во клиничка студија. Прочитајте повеќе за Докажаната ефикасност и безбедност на Септолете.

Кога можам да прекинам да земам Септолете?

Можете да прекинете со земање Септолете во било кое време. Ние препорачуваме да ги земате се додека ги чувствувате симптомите на инфекцијата во грлото (болка, жарење, суво грло, гребење).

Колку Септолете пастили може да земам на ден?

Дозирањето е во зависност од возраста и видот на Септолете производите. За повеќе информации околу дозирањето прочитајте Септолете, Септолете Д, Септолете плус, Септолете со вкус на дива цреша, Септолете со вкус на зелено јаболко и Септолете со вкус на лимон.

Дали може да земам Септолете заедно со други лекови?

Да, можете, бидејќи не е познато дека Септолете пастилите влијаат на дејството на другите лекови. Но, се препорачува пастилите да не се земаат со млеко бидејќи млекото го намалува анти-микробното дејство на антисептикот кој е содржан во Септолете.

Зедов преголема дневна доза на Септолете. Што треба да правам?

Кај чувствителните луѓе преголемите дози во однос на препорачаните може да предизвикаат гастроинтестинални пореметувања како резултат на иритација на гастроинтестиналната мукоза. Во тој случај, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Дали може да земам Септолете за време на бременост?

Прашајте го вашиот лекар или фармацевт пред да земете било какви лекови. Бидејќи податоците за безбедност за време на бременост и доење се ограничени, лекот не се препорачува за употреба за време на бременост и доење.

Кои несакани дејства може да ги имаат Септолете?

Ако се земаат во препорачаните дози, Септолете пастилите многу ретко имаат несакани дејства. Кај чувствителни луѓе, дози поголеми од препорачаните може да предизвикаат гастроинтестинални пореметувања поради иритација на гастроинтестиналната мукоза.

Прашајте не

Дали имате прашања? Пополнете го формуларот!