Основни информации за настинката

Настинката најчесто е предизвикана од вируси. Постојат над 200 такви вируси и нивниот број постојано се менува. Невозможно е нашето тело да развие отпорност на сите вируси. Според тоа, почесто настинуваме во текот на една година, возрасните просечно од 2 до 4 пати, а децата дури и почесто. 

Симптомите на настинка - болки во грлото, растечен или затнат нос и кашлица - вообичаено се јавуваат 2 до 3 дена по инфекцијата и се резултат на имунолошкиот одговор  на телото. Настинката вообичаено трае од 7 до 10 дена. Може да се пренесе пред да се појават симптомите, а дури и откако симптомите ќе исчезнат.

Како да ја избегнеме настинката?

  • Мијте ги рацете редовно.  Вирусите на настинката преживуваат на предмети неколку часа. Допирајќи ги инфицираните предмети а потоа носот, устата или очите, ги пренесуваме вирусите до мукозната мембрана и на тој начин се инфицираме.
  • Оддалечете се од лице кое кива на најмалку 1 метар. Кога некој кива, капките кои содржат вируси се распрскуваат во воздухот; може да ги вдишеме и да се заразиме.
  • Хранете се здраво и вежбајте на чист воздух.  На овој начин се одржува вашиот имунолошки систем.
  • Избегнувајте стрес и спијте доволно. Стресот и заморот го намалуваат одбранбениот капацитет на вашиот имунолошки систем и според тоа, се зголемува можноста за настинка.
  • Редовно мијте раце со сапун и користете хартиени бришачи, кои се фрлаат по употреба. На овој начин се спречува ширење на инфекцијата.

Не постои лек против настинка

Сепак, симптомите може да се намалат.

  • Земете антисептик, кој ги уништува патогените микроорганизми  кои предизвикуваат воспаление во грлото и на тој начин спречуваат развој на понатамошни инфекции (пр. инфекции со стрептокока, синузит, инфекции на средно уво).
  • Одморајте се  
  • Пијте доволно течности (вода, чај, сокови) за да спречите дехидратација. Некои видови чаеви може да го намалат кашлањето.
  • Навлажнете го воздухот за да спречите сушење на слузокожата.
  • Не пушете, бидејќи симптомите на настинка се особено изразени кај пушачи и вообичаено траат подолго.

Кога да одите на лекар

Треба да отидете на лекар ако симптомите на настинка траат подолго од 10 дена или ако се проследени со висока температура, проблеми при дишењето или голтањето или болки во ушите. Ова важи за возрасни лица; другите (деца, повозрасни луѓе и хронично болни) треба да отидат на лекар порано.

  • Дали сте знаеле?
    не се препорачува носење на контактни леќи за време на настинка, бидејќи може да предизвикаат оштетувања на очите.

    носењето шал може да спречи настинка бидејќи со негова помош се одржува повисока температура во носот од онаа на која вирусите се развиваат побрзо.

    голтка ракија не лечи од настинка, бидејќи алкохолните пијалаци немаат лековита моќ.