Plus effect
Септолете плус ментол

Септолете плус ментол со вкус на ментол

Дали чувствувате поостра болка? 
Септолете плус ментол пастилите се ефикасно решение при воспаление и болка во грлото.

Септолете плус ментол Ви помага брзо да се ослободите од болката во грлото.

Болка во грлото често се јавува заедно со воспаление во устата и грлото и претставува еден од најнепријатните симптоми на воспалението. Како резултат на болка во грлото, имате тешкотии при голтање, зборување, јадење и пиење.

Септолете плус ментол содржат локален анестетик, т.е. активна супстанција која ја отстранува болката на местото на инфекцијата.

Септолете плус ментол делува врз различни видови микроби кои предизвикуваат воспаление на грлото

Септолете плус ментол содржи и антисептик, т.е. активна супстанција која уништува различни видови бактерии, габички и вируси во устата и грлото.

Зошто антисептикот во пастилите Септолете плус ментол е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува и на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Candida во устата и грлото.
  • Бидејќи делува и на неколку различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи може, благодарение на својот состав, да стигне до микробите и на најтешко достапните места.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Септолете плус ментол не содржи шеќер

Септолете плус ментол содржи малтитол и манитол кои се замена за шеќер и се погодни бидејќи:

  • бактериите не се хранат со нив (на бактериите им е потребен шеќер за да се развиваат).
  • тие се безбедни за пациенти со дијабет.
  • не содржат дополнителни калории.

Со земање Септолете плус ментол, се заштитувате од развој на воспаление

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина. Од габичките најчесто се јавува Candida.

Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за размножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

  • Како правилно да ги земате пастилите Септолете плус ментол

    Возрасни и деца под 12 годишна возраст 8 пастили на ден 1 пастила на секои 2 до 3 часа
    Деца на возраст од 6 до 12 години До 4 пастили на ден 1 пастила на секои 4 часа

    Запомнете!

    • Септолете плус ментол пастилите се помалку ефикасни ако ги земате веднаш пред или за време на оброк и заедно со млеко.
    • Септолете плус ментол пастилите се поефикасни ако ги растопите во уста и не ги изгризете со заби.
    • Дополнителни информации за правилно и безбедно земање Септолете плус ментол.
  • Дали сте знаеле?

    • Клиничките студии покажуваат дека Септолете успешно штити од развој на инфекција.
    • Габите, исто така (најчестата е Candida) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
    • Кога велиме дека имаме болка во грлото, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
    • Не ги земајте Септолете плус ментол пастилите со млеко бидејќи тоа ја намалува антимикробната ефикасност на бензалкониум хлорид.

Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За дополнителни информации или несакани дејства обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Септолете со вкусови содржат цетилпиридин хлорид.