Plus effect
Септолете плус спрејот

Септолете плус спреј спреј

Дали имате силна болка во грлото, но несакате да користите пастили? 
Септолете плус спрејот делува брзо против силната болка во грлото и е едноставен за употреба.

Септолете плус спрејот Ви помага брзо да се ослободите од болката во грлото

Болката во грлото често е придружен симптом на воспаление на устата и грлото и е еден од најнепријатните знаци на воспаление; тоа го прави голтањето, зборувањето, јадењето и пиењето тешкo.

Септолете плус спрејот содржи локален анестетик кој ја ослободува болката на самото место на воспаление.

Септолете плус спрејот делува врз различни видови на микроби кои предизвикуваат воспаление на грлото

Истотака содржи и антисептик кој уништува различни видови на бактерии, габички и вируси во устата и грлото.

Зошто антисептикот во Септолете плус спрејот е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува и на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Candida во устата и грлото.
  • Бидејќи делува и на неколку различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Доаѓа во допир со широка површина на грлото

Содржи посебен додаток за рамномерна дистрибуција и еднакви прскања што овозможува со една доза да се постигне уништување на најголем дел од микробите кои предизвикуваат болка во грлото и воспаление.

Иновативно и практично пакување кое нуди повеќе предности

Едноставно и прецизно дозирање. Спрејот спречува предозирање и непотребно губење на спреј.

Безбедна употреба. Заштитното капаче овозможува заштита од нечистотии и несакана случајна употреба. Пластичното пакување е отпорно на удар и притисок.

Непосредна употреба. Фиксната прскалка на спрејот овозможува непосредна употреба.

Не содржи шеќер и е погоден за дијабетичари

Спречува развој на инфекции

Околу 70% од воспаленијата на грлото се резултат на вирусна инфекција. За останатите причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите најчеста е стрептокока, која може да предизвика ангина. Од габичките најчесто се јавува Candida.

Вирусите влијаат на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено излачување на секрет, што е одлична средина за развој на бактерии. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се пренесе на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

  • За правилна употреба на Септолете плус спрејот

    Возрасни и деца над 12 години Не повеќе од 8 пати на ден, на секои 2 до 3 часа. За една доза, притиснете го спрејот 2 пати.

    Запомнете!

    • Ефикасноста на Септолете плус спрејот е намалена доколку се зема веднаш пред или за време на оброк или со млеко.
    • За поголема ефикасност на спрејот, немојте да јадете, пиете, џвакате или да миете заби најмалку еден час пред користење на спрејот.
    • Повеќе информации за правилна и безбедна употреба на Септолете.
  • Дали сте знаеле?

    • Клиничките студии покажуваат дека Септолете плус спрејот успешно штити од развој на инфекција.
    • Габите, исто така (најчестата е Candida) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
    • Кога велиме дека имаме болка во грлото, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
    • Септолете плус спрејот не треба да се користи заедно со млеко бидејќи млекото ја намалува антимикробната ефикасност на цетилпиридин хлорид.

Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За дополнителни информации или несакани дејства обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Септолете со вкусови содржат цетилпиридин хлорид.