Plus effect
Септолете плус мед и зелен лимон

Септолете плус мед и зелен лимон со вкус на мед и зелен лимон

Дали чувствувате јака болка во грлото и повеќе сакате пријатен вкус? 
Септолете плус со вкус на мед и зелен лимон е ефикасно решение при воспаление и болка во грлото.

Септолете плус мед и зелен лимон Ви помага брзо да се ослободите од болката во грлото

Болката во грлото често се јавува заедно со воспаление во устата и грлото и претставува еден од најнепријатните симптоми на воспалението. Како резултат на болка во грлото, имате тешкотии при голтање, зборување, јадење и пиење.

Септолете плус пастилите содржат локален анестетик, т.е. активна супстанција која ја отстранува болката на местото на инфекцијата.

Септолете плус мед и зелен лимон делува врз различни видови микроби кои предизвикуваат воспаление на грлото

Септолете плус мед и зелен лимон содржи и антисептик, т.е. активна супстанција која уништува различни видови бактерии, габички и вируси во устата и грлото.

Зошто антисептикот во пастилите Септолете плус мед и зелен лимон е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Candida во устата и грлото.
  • Бидејќи делува на некои различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи може, благодарение на својот состав, да стигне до микробите и на најтешко достапните места.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Септолете плус мед и зелен лимон не содржи шеќер

Септолете плус мед и зелен лимон содржи малтитол и манитол кои се замена за шеќер и се погодни бидејќи:

  • бактериите не се хранат со нив (на бактериите им е потребен шеќер за да се развиваат).
  • тие се безбедни за пациенти со дијабет.
  • не содржат дополнителни калории.

Со земање Септолете плус мед и зелен лимон, се заштитувате од развој на воспаление

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина . Од габичките најчесто се јавува Candida.

Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за размножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

  • Како правилно да ги земате пастилите Септолете плус мед и зелен лимон

    Возрасни и деца над 12 години 8 пастили на ден 1 пастила на секои 2 до 3 часа
    Деца на возраст од 6 до 12 години До 4 пастили на ден 1 пастила на секои 4 часа

    Запомнете!

    • Пастилите се помалку ефикасни ако ги земате веднаш пред или за време на оброк и заедно со млеко.
    • Пастилите се поефикасни ако ги растопите во уста и не ги изгризете со заби.
    • Дополнителни информации за правилно и безбедно земање Септолете плус.
  • Дали сте знаеле?

    • Клиничките студии покажуваат дека Септолете успешно штити од развој на инфекција.
    • Габите, исто така (најчестата е Candida) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
    • Кога велиме дека имаме болка во грлото, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
    • Не ги земајте пастилите со млеко бидејќи тоа ја намалува антимикробната ефикасност на бензалкониум хлорид.

Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За дополнителни информации или несакани дејства обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Септолете со вкусови содржат цетилпиридин хлорид.