Септолете Д ментол

Септолете Д ментол со вкус на ментол

Дали Ви се допаѓа вкусот на ментол и избегнувате шеќер? 
Септолете Д ментол пастилите се ефикасно решение при воспаление и болка во грлото

Септолете Д ментол пастилите Ви помагаат брзо да ги отстраните непријатните симптоми на болка во грлото:

  • Болка при голтање (бидејќи мукозната мембрана е воспалена и оштетена, таа е почувствителна на иритации, пр. голтање на плунка или храна).
  • Остра болка и гребење во грлото поврзани со настинка и грип.

Комбинацијата од антисептик и природни состојки ги уништува разните бактерии, габички и вируси кои предизвикуваат воспаление во устата и грлото.

Зошто антисептикот во пастилите Септолете Д ментол е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува и на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Candida во устата и грлото.
  • Бидејќи делува и на неколку различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи може, благодарение на својот состав, да стигне до микробите и на најтешко достапните места.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Септолете Д ментол не содржи шеќер

Септолете Д ментол содржи малтитол и манитол кои се замена за шеќер и се погодни бидејќи:

  • бактериите не се хранат со нив (на бактериите им е потребен шеќер за да се развиваат).
  • тие се безбедни за пациенти со дијабет.
  • не содржат дополнителни калории.

Земањето Септолете Д ментол спречува развој на воспаление

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина. Од габите најчесто се јавува Candida.

Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за размножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

Природните состојки во Септолете Д ментол пастилите се корисни

Левоментол и есенцијално масло од пеперминт го отстрануваат болката во грлото (пр. болка при голтање, остра болка) и имаат пријатен и освежувачки вкус. Тимол ги убива микробите. Есенцијалното масло од еукалиптус го зголемува излачувањето на секретот во горниот респираторен тракт (во носните празнини и параназалните синуси, фаринкс) и со тоа го олеснува дишењето.

  • Како правилно да ги земате пастилите Септолете Д ментол

    Возрасни и деца постари од 12 години 8 пастили дневно 1 пастила на секои 2-3 часа
    Деца на возраст од 4 до 10 години До 4 пастили дневно 1 пастила на секои 3-4 часа
    Деца на возраст од 10 до 12 години До 6 пастили дневно 1 пастила на секои 3-4 часа

    Запомнете!

    • Септолете Д ментол пастилите се помалку ефикасни ако ги земате веднаш пред или за време на оброк и заедно со млеко.
    • Септолете Д ментол пастилите се поефикасни ако ги растопите во уста и не ги изгризете со заби.
    • Дополнителни информации за правилно и безбедно земање Септолете Д ментол.
  • Дали сте знаеле?

    • Клиничките студии покажуваат дека Септолете успешно штити од развој на инфекција.
    • Габите, исто така (најчестата е Candida) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
    • Кога велиме дека имаме болка во грлото, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
    • Не ги земајте пастилите со млеко бидејќи тоа ја намалува антимикробната ефикасност на бензалкониум хлорид.

Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За дополнителни информации или несакани дејства обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Септолете со вкусови содржат цетилпиридин хлорид.