Септолете цреша

Септолете цреша со вкус на цреша

Дали сакате егзотични вкусови и новитети? 
Септолете со вкус на цреша е ефикасно решение при воспаление и болка во грлото.

Септолете цреша помага при ослободување од непријатните симптоми на болно грло:

Болка при голтање (бидејќи мукозната мембрана е воспалена и оштетена, таа е почувствителна на иритации, пр. голтање на плунка или храна).
Остра болка и гребење во грлото поврзани со настинка и грип.

Септолете цреша делува на разни видови микроби кои предизвикуваат воспаление на грлото.

Септолете со вкус на цреша содржи и антисептик, т.е. активна супстанција која уништува различни видови бактерии, габички и вируси во устата и грлото.

Зошто антисептикот во пастилите Септолете цреша е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува и на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Candida во устата и грлото.
  • Бидејќи делува и на неколку различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи може, благодарение на својот состав, да стигне до микробите и на најтешко достапните места.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Со земањето Септолете цреша не внесувате шеќер

Септолете цреша содржи малтитол и манитол кои се замена за шеќер и се погодни бидејќи:

  • бактериите не се хранат со нив (на бактериите им е потребен шеќер за да се развиваат).
  • тие се безбедни за пациенти со дијабет.
  • не содржат дополнителни калории.

Со земање Септолете цреша, се заштитувате од развој на воспаление

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина. Од габичките најчесто се јавува Candida.

Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за размножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

  • Како правилно да ги земате пастилите Септолете цреша

    Возрасни и деца постари од 12 години 8 пастили дневно 1 пастила на секои 2-3 часа
    Деца на возраст од 4 до 10 години До 4 пастили дневно 1 пастила на секои 3-4 часа
    Деца на возраст од 10 до 12 години До 6 пастили дневно 1 пастила на секои 3-4 часа

    Запомнете!

    • Септолете цреша пастилите се помалку ефикасни ако ги земате веднаш пред или за време на оброк и заедно со млеко.
    • Септолете цреша пастилите се поефикасни ако ги растопите во уста и не ги изгризете со заби.
    • Дополнителни информации за правилно и безбедно земање Септолете цреша.
  • Дали сте знаеле?

    • Клиничките студии покажуваат дека Септолете успешно штити од развој на инфекција.
    • Габите, исто така (најчестата е Candida) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
    • Кога велиме дека имаме болка во грлото, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
    • Не ги земајте пастилите со млеко бидејќи тоа ја намалува антимикробната ефикасност на бензалкониум хлорид.

Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За дополнителни информации или несакани дејства обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Септолете со вкусови содржат цетилпиридин хлорид.