Дали чувствувате јака болка во грлото и повеќе сакате пријатен вкус?

со вкус на мед и зелен лимон е ефикасно решение за воспалено и болно грло.

Септолете плус со вкус на мед и зелен лимон

Септолете плус со вкус на мед и зелен лимон Ви помага брзо да се ослободите од болката во грлото

Болката често се јавува заедно со воспаление во устата и грлото и претставува еден од најнепријатните симптоми на воспалението. Како резултат на болката, имате тешкотии при голтање, зборување, јадење и пиење.

Септолете плус содржат локален анестетик, т.е. активна супстанција која ја отстранува болката на местото на инфекцијата.

Септолете плус мед и зелен лимон делува врз различни видови микроби кои предизвикуваат воспаление на грлото

Септолете плус мед и зелен лимон содржи и антисептик, т.е. активна супстанција која уништува различни видови бактерии, габички и вируси во устата и грлото.

Зошто антисептикот во пастилите Септолете плус мед и зелен лимон е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Кандида во устата и грлото.
  • Бидејќи делува на некои различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи може, благодарение на својот состав, да стигне до микробите и на најтешко достапните места.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Септолете плус мед и зелен лимон не содржи шеќер

Малтитол и манитол се замена за шеќер и се погодни бидејќи:

  • бактериите не се хранат со нив (на бактериите им е потребен шеќер за да се развиваат).
  • тие се безбедни за пациенти со дијабет.
  • не содржат дополнителни калории.

Со земање Септолете плус мед и зелен лимон, се заштитувате од развој на воспаление

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина . Од габичките најчесто се јавува Кандида.

Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за размножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

Корисен совет: Како правилно да ги земате пастилите Септолете плус мед и зелен лимон

Возрасни и деца над 12 години 8 пастили на ден 1 пастила на секои 2 до 3 часа
Деца на возраст од 6 до 12 години До 4 пастили на ден 1 пастила на секои 4 часа

Запомнете!

  • Пастилите се помалку ефикасни ако ги земате веднаш пред или за време на оброк и заедно со млеко.
  • Пастилите се поефикасни ако ги растопите во уста и не ги изгризете со заби.
  • Дополнителни информации за правилно и безбедно земање Септолете плус.

Дали сте знаеле?

  • Клиничките студии покажуваат дека Септолете успешно штити од развој на инфекција.
  • Габите, исто така (најчестата е Кандида) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
  • Кога велиме дека не боли грло, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
  • Не ги земајте пастилите со млеко бидејќи тоа ја намалува антимикробната ефикасност на бензалкониум хлорид.