пастилите се ефикасно решение за воспалено и болно грло.
Комбинацијата од антисептик и природни состојки ги уништува разните бактерии, габички и вируси кои предизвикуваат воспаление во устата и грлото.
Зошто антисептикот во пастилите Септолете Д е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?
Малтитол и манитол се замена за шеќер и се погодни бидејќи:
Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина. Од габите најчесто се јавува Кандида.
Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за намножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.
Левоментол и есенцијално масло од пеперминт го отстрануваат чувството на болка (пр. болка при голтање, остра болка) и имаат пријатен и освежувачки вкус. Тимол ги убива микробите. Есенцијалното масло од еукалиптус го зголемува излачувањето на секретот во горниот респираторен тракт (во носните празнини и параназалните синуси, фаринкс) и со тоа го олеснува дишењето.
| Возрасни и деца постари од 12 години | 8 пастили дневно | 1 пастила на секои 2-3 часа |
| Деца на возраст од 4 до 10 години | До 4 пастили дневно | 1 пастила на секои 3-4 часа |
| Деца на возраст од 10 до 12 години | До 6 пастили дневно | 1 пастила на секои 3-4 часа |