Дали сакате егзотични вкусови и новитети?

со вкус на дива цреша е ефикасно решение за воспалено и болно грло.

Септолете со вкус на дива цреша

Септолете со вкус на дива цреша помага при ослободување од непријатните симптоми на болно грло:

  • Болка при голтање(бидејќи мукозната мембрана е воспалена и оштетена, таа е почувствителна на иритации, пр. голтање на плунка или храна).
  • Остра болка и гребење во грлото поврзани со настинка и грип.

Септолете со вкус на дива цреша делува на разни видови микроби кои предизвикуваат воспаление на грлото.

Септолете со вкус на дива цреша содржи и антисептик, т.е. активна супстанција која уништува различни видови бактерии, габички и вируси во устата и грлото.

Зошто антисептикот во пастилите Септолете со вкус на дива цреша е поефикасен од најголемиот број други антисептици за уста и грло?

  • Бидејќи делува и на некои вируси кои предизвикуваат настинка и грип.
  • Бидејќи делува на Кандида во устата и грлото.
  • Бидејќи делува и на неколку различни бактерии во устата и грлото.
  • Бидејќи може, благодарение на својот состав, да стигне до микробите и на најтешко достапните места.
  • Бидејќи концентрацијата во плунката е доволно висока за да штити од размножување на микробите.

Со земањето Септолете со вкус на дива цреша не внесувате шеќер

Малтитол и манитол се замена за шеќер и се погодни бидејќи:

  • бактериите не се хранат со нив (на бактериите им е потребен шеќер за да се развиваат).
  • тие се безбедни за пациенти со дијабет.
  • не содржат дополнителни калории.

Со земање Септолете со вкус на дива цреша, се заштитувате од развој на воспаление

Околу 70% од воспаленијата во грлото се последица на вирусна инфекција. За останатите, причина се бактерии и габички. Меѓу бактериите, најчестата е стрептокока која може да предизвика ангина. Од габичките најчесто се јавува Кандида.

Вирусите влијаат врз состојбата на мукозната мембрана и предизвикуваат зголемено лачење на секрет, што е одлична средина за размножување на бактериите. Ова може да доведе до секундарна бактериска инфекција која може да се прошири на параназалните синуси, ушите и белите дробови.

Корисен совет: Како правилно да ги земате пастилите Септолете со вкус на дива цреша

Возрасни и деца постари од 12 години 8 пастили дневно 1 пастила на секои 2-3 часа
Деца на возраст од 4 до 10 години До 4 пастили дневно 1 пастила на секои 3-4 часа
Деца на возраст од 10 до 12 години До 6 пастили дневно 1 пастила на секои 3-4 часа

Запомнете!

  • Пастилите се помалку ефикасни ако ги земате веднаш пред или за време на оброк и заедно со млеко.
  • Пастилите се поефикасни ако ги растопите во уста и не ги изгризете со заби.
  • Дополнителни информации за правилно и безбедно земање Септолете со вкус на дива цреша.

Дали сте знаеле?

  • Клиничките студии покажуваат дека Септолете успешно штити од развој на инфекција.
  • Габите, исто така (најчестата е Кандида) се размножуваат во усната празнина и можат да предизвикаат воспаление на грлото.
  • Кога велиме дека не боли грло, тоа всушност не е воспаление на грлото. Имено, најголемиот дел од болката во грлото е последица од воспаление на фаринксот, но ние по навика и понатаму велиме дека не боли грло.
  • Не ги земајте пастилите со млеко бидејќи тоа ја намалува антимикробната ефикасност на бензалкониум хлорид.