Правни забелешки

Услови за употреба

Оваа интернет страна е во сопственост на Крка Фарма дооел Скопје, членка на Крка Групацијата (во понатамошниот текст Крка). Крка ракува, ги надгледува и ажурира интернет страните на Крка во Скопје, Македонија. Интернет страните се дизајнирани со цел да обезбедат општи информации за Крка и нејзините производи.

Доколку отворате или пребарувате по некоја од страните на интернет страната на Крка, ги прифаќате сите ограничувања и услови за употреба наведени подолу. Ве молиме не ја користете оваа интернет страна доколку не се согласувате со сите услови за употреба. Ви препорачуваме повремено да ја посетувате нашата интернет страна и да ги прочитате Условите за употреба и Клаузулата за приватност.

Информациите и податоците достапни на интернет страната на Крка се наменети само за информативни цели и не претставуваат основа за правно обврзувачки односи или воспоставување на такви односи освен ако не е поинаку јасно назначено (на пример, објавување на официјални понуди, промотивни материјали итн).

Информациите за Крка, нејзините производи, услуги и гаранции претставени на интернет страните на Крка не треба да се разберат како понуда на производи, услуги или гаранции. Информациите за производите и/или активните супстанции претставени на интернет страните на Крка се општи информации само за производите на Крка. Ве молиме имајте во предвид дека оваа информација не се смета како понуда освен ако не е поинаку јасно назначено.

Порекнување на одговорност

Со цел да се осигура постоење на точни и обновени информации, Крка ги дизајнира своите интернет страни според законските правилници и планира така и да продолжи. Сепак, Крка не превзема одговорност за точноста или комплетноста на информациите. Крка исто така го задржува правото да врши промени во било кое време и на било кој начин на содржината на интернет страните независно од причината и без претходно известување. Корисниците на страната ги употребуваат податоците исклучително на нивни сопствен ризик. Крка и било кое друго правно или физичко лице кое соработувало во дизајнирањето и продукцијата на интернет страните се откажуваат од било каква одговорност и правна одговорност за било какви штети кои може да настанат или да бидат поврзани со влезот, употребата или неспособноста за користење на информациите од интернет страните и/или за било какви грешки или недостатоци во нивната содржина.

Информациите обезбедени на интернет страната на Крка на никој начин немаат за цел да даваат професионален медицински совет или инструкции за третман на некоја болест со некој од производите на Крка. Ве молиме консултирајте се со лекар пред да започнете со употреба на било кој од производите на Крка.

Може да се случи некој корисник на интернет страните на Крка да одговори со објавување на различни информации. Крка се откажува од било каква одговорност во овој поглед. Ве молиме имајте во предвид дека таквите информации не се доверливи и не спаѓаат во заштита на авторските права. Крка го задржува правото да ги употребува таквите информации слободно, да ги пренесува до други лица без ограничувања и да ги употребува без да го цитира изворот. Крка го задржува правото да ги употребува и (но не само) идеите, концептите, знаењето, искуството и техниките кои се предмет на било која таква информација. Крка може да ја употребува таквата информација по сопствена определба за одбрана цел.

Линкови до други интернет страни

Овие интернет страни исто така содржат информации од трети лица и линкови до интернет страни на трети лица. Ако сметаме дека се прикладни, може да ги обележиме соодветно. Крка не е запознаена со содржината на интернет страната на трети страни и затоа не превзема никаква одговорност за нивната информација.

Права на интелектуална сопственост

Сите информации и слики претставени на интернет страните на Крка се во правно дозволени рамки предмет на заштита на авторските права и другите права на интелектуална сопственост. Објавените документи на овие интернет страни може да бидат репродуцирани само за некомерцијални и лични цели и мора да се почитуваат сите гореспоменати забелешки во однос на заштитата на авторските права или другите права на интелектуална сопственост. Информациите кои се содржат на овие интернет страни не смеат да се копираат, објавуваат, симнуваат, менуваат, репродуцираат или на било кој друг начин да се дистрибуираат за комерцијални цели без пишана согласност од Крка. Имињата на брендовите и заштитените марки кои се појавуваат на овие страни се регистрирани заштитени марки на Крка или Крка има право на нивна употреба.

Клаузула за приватност

Крка ја штити со посебно внимание безбедноста и доверливоста на информациите добиени од корисниците на нејзината интернет страна и нивните лични податоци во согласност со важечките законски одредби на Република Македонија. Ве молиме прочитајте повеќе подолу за собирање, чување, употреба и ширење на информации.

Ги собираме личните податоци само ако ни ги пратите по пат на регистрирање, пополнување на формуларите или електронска пошта како дел од нарачката на производи или услуги, барања за нарачка на материјали и слични состојби кога ќе одлучите да ни ги испратите вашите лични податоци.

Дополнително на податоците кои ќе ни ги испратите, исто така собираме информации од `cookies`. Овие информации може да вклучат интернет страни кои се поврзани со нашата, интернет страни кои ги посетувате од нашата, вашата IP адреса и колку долго сте останале на нашата страна. Овие информации можеме да ги искористиме за да ве идентификуваме, но не го правиме тоа.

Податоците и информациите кои ни ги испраќате или кои ги собираме преку cookies, може да се употребат за следните цели: статистички цели, но само на тој начин да не можете да бидете идентификувани; дијагностицирање на проблеми со нашиот сервер и администрација на нашата интернет страна; да ви ги обезбедиме бараните производи и услуги или за други цели кои сте ги побарале или за кои сте се согласиле, освен ако не е поинаку пропишано во законот.

Податоците и информациите кои ни ги испраќате ќе бидат зачувани и употребени од Крка само во периодот кога е потребно да ја постигнеме целта поради која се собрани.

Вашите лични податоци се процесираат во Македонија и Словенија од страна на Крка. Ви гарантираме заштита на личните податоци во согласност со законите на ЕУ, Словенија и Македонија. Процесирањето на одредени податоци може да треба да го предадеме на нашите бизнис партнери во Словенија за кои гарантираме дека соодветствуваат со законите за заштита на лични податоци во земјата. Ниту Крка, ниту нашите бизнис партнери нема да ги проследат вашите податоци на трети лица или трета земја освен по добиена согласност или на барање на правните власти.

Можете да не контактирате во врска со пристапот, пречистувањето, блокирањето или бришењето на личните податоци на следната адреса:

КРКА-ФАРМА ДООЕЛ Скопје
Ул. Христо Татарчев 1, бр.101
1000 Скопје
Македонија
E-mail: info.mk@krka.biz

Cookies

Сookie е мал документ кој се зачувува во вашиот компјутер кога прв пат ќе отворите некоја интернет страна. Кога повторно ќе ја посетите страната, податоците се повраќаат од cookie и страната го препознава. Целта на оваа технологија и добиените информации е да се подобрат интернет страните и вашето искуство како корисник.

Крка користи session cookies и persistent cookies – тие остануваат зачувани на вашиот компјутер одреден период по напуштањето на нашата интернет страна. Со session cookies го броиме бројот на посетители на нашата страна. Исто така, користиме и persistent cookies кои потекнуваат од други сајтови воглавно Google analytics cookies кои ги користиме да утврдиме како се движите на нашите интернет страни, која содржина е најинтересна за вас и колку долго се задржувате на одредена содржина.

Податоците собрани од cookies ги користиме само за статистички цели, но само во собрана форма за да не може да бидете идентификувани, за дијагностицирање на проблеми со нашиот сервер и администрација на нашата интернет страна и да ве информираме за нашите производи и услуги.

Повеќето интернет пребарувачи ги дозволуваат сите cookies. Може да ги избришете или одбиете cookies во секое време. Доколку сакате да ги избришете или одбиете cookies на вашиот апарат, може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач. Прочитајте повеќе за тоа како да ги контролирате, избришете или одбиете cookies на вашиот пребарувач исто и на оваа интернет страна: www.aboutcookies.org.

Безбедност

Крка користи технички и организациски мерки на безбедност за да ги заштити податоците од манипилирање, губење, уништување или пристап на неавторизирани лица. За да ја осигураме безбедноста и доверливоста на личните податоци кои ги собираме, користиме мрежи на податоци кои помеѓу другите работи се заштитени и со индустриски стандарден firewall и лозинка. Во текот на ракувањето со личните податоци, превземаме мерки кои се рационално дизајнирани да ја заштитат таа информација од губење, несоодветна употреба, недозволен пристап, објавување, промена или уништување. Бидејќи не можеме да гарантираме за било какво губење, несоодветна употреба, недозволен пристап, објавување, промена или уништување на податоците, се трудиме да ги спречиме овие несакани појави.

Постојаниот развој на интернетот бара повремени прилагодувања на нашата изјава за приватност. Го задржуваме правото да правиме промени кога е потребно.

Последна промена во јануари 2014

Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За дополнителни информации или несакани дејства обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Септолете со вкусови содржат цетилпиридин хлорид.