Правни информации

Во Крка, д.д., Ново место (во понатамошниот текст Крка), здравјето на луѓето и квалитетот на живот се од наш примарен интерес па затоа, нашата мисија гласи: Да живееме здрав живот. 

Овие интернет страници се дизајнирани да дадат општи информации за Крка и за нашите производи и услуги. 

При користење на било која интернет страница на Крка, ги прифаќате сите ограничувања и услови наведени подолу. Ако не ги прифаќате овие услови, не ја користете оваа интернет страница. Ви препорачуваме да ја посетувате повремено оваа страница и да ги проверите информациите наведени во Условите за Користење, бидејќи тие се правно обврзувачки. 

Сите информации и податоци кои се достапни на интернет страницата на Крка се единствено со информативна намена и не носат никакви правни последици, освен ако не е јасно наведено поинаку (пр. можни објавување на официјални понуди, промотивни материјали итн.)

Ниедна од информациите за компанијата, нејзините производи, услуги и хартии од вредност, претставени на интернет страницата на компанијата не претставува правна понуда за производите, услугите или хартиите од вредност. 

Официјалните, правни информации за компанијата, производите, услугите и гаранциите може да се разликуваат од податоците наведени на интернет страницата на компанијата. 

Политиката на Крка е да ги почитува легитимните права за интелектуална сопственост на трети лица. Сите информации за производи и/или активни супстанции кои се наведени на интернет страницата на Крка се општи информации единствено за постоењето на одреден производ и/или активна супстанција во состав на целокупниот спектар на производи на компанијата. Крка истакнува дека овие информации не може да се сметаат за понуда, освен ако јасно не е нагласено поинаку. Во тој случај, информацијата е јасно назначена како понуда или покана за поднесување понуди, и видливо е дистрибуирана до листа на примачи. 

Назначувањето на производ и/или активна супстанција на интернет страниците на Крка не значи дека Крка всушност ги пласира назначените производи/активни супстанции на пазарот или ги нуди на територија која е од интерес за посетителот на интернет страницата или таму каде што посетителот ја отворил интернет страницата. Посетителот мора да побара потврда од Крка и/или поврзаните компании или претставништва за тоа дали Крка всушност ги нуди на пазарот производот/активната супстанција за која посетителот на интернет страницата е заинтересиран и/или ја нуди за продажба. 

Одредени информации кои може да се најдат на интернет страницата на Крка се исто така наведени и во општите податоци за производите на Крка (Вадемекум). Пристапот до податоци за специфични производи – особено оние кои може да се добијат единствено со лекарски рецепт – е ограничен во согласност со легислативата која ги уредува фармацевтските лекови. Сите информации за останатите производи служат единствено за општа презентација на спектарот на производи на Крка. Таквите информации, кои имаат за цел единствено општа презентација на производите, содржат само основни податоци. Ова значи дека информациите наведени на интернет страницата на Крка кои се однесуваат на одреден производ во ниеден случај не се наведени со цел да понудат професионален медицински совет или упатство за лекување со употреба на производите на Крка во ниеден специфичен случај. Пред користење на производите, пациентот мора да се консултира со лекар или фармацевт. 

Крка ги оформува своите интернет страници со целосно внимание со цел да овозможи точност и навремена релевантност на производите наведени на тие страници; сепак, Крка не превзема никаква одговорност за точноста и целовитоста на информациите. Крка исто така го задржува правото за промена на содржината на овие интернет страници во било кое време и на било кој начин, и без оглед на причината, без претходна најава. Сите лица кои ги користат објавените содржини го чинат истото на сопствена одговорност. Според тоа, Крка и секое друго правно или физичко лице кое учествувало во дизајнот и производството на овие интернет страници, јасно отфрла било каква одговорност и не прифаќа обврски за било каква штета која може да се јави од пристапот, употребата или неможноста да се искористи информација од овие интернет страни, или за било какви  грешки или недостатоци во својот состав.  

Овие интернет страници исто така содржат информации од трети лица, како и линкови до интернет страници на трети лица.

Секаде каде што, според нашата проценка, таквите линкови се оценети како практични, соодветно известување е назначено. Сепак, Крка не може да биде запознаена со содржината на интернет страниците на трети лица, и според тоа, не може да преземе никаква одговорност за горе споменатите информации дадени од трети лица.   

Сите информации и слики претставени на оваа интернет страница се, во рамките на законски дозволените граници, предмет на заштита на авторски права и тоа се однесува на други форми на заштита на индустриска сопственост. Документите објавени на оваа интернет страница може единствено да се репродуцираат за некомерцијални цели, и сите горе наведени предупредувања кои се однесуваат на заштита на авторските права или други права мора да се почитуваат, и документите не може да се транскрибираат, умножуваат или на било кој друг начин да се дистрибуираат за комерцијални цели. Имињата на брендовите и заштитените марки се појавуваат на овие страници се заштитени трговски марки на Крка, или се марки за кои Крка има право за користење.

Посетителите на интернет страницата на Крка може да доставуваат информации. Во таков случај, Крка не превзема никаква одговорност. Би сакале да ги предупредиме корисниците дека во тој случај информациите ќе се сметаат за недоверливи и незаштитени. Крка го задржува правото слободно да ги користи, дистрибуира и објавува на трети лица без ограничувања, и изворот на информациите нема потреба да се цитира. Крка исто така го задржува правото да користи (и не само да користи) идеи, концепти, знаење, искуство и техники, кои се предмет на оваа информација или кои се составен дел на таква информација. Крка, според сопствена слободна проценка, ќе ги користи овие информации за било која цел за која ќе одлучи.  

Крка го задржува правото на измени на содржините на интернет страницата во секое време и на секој начин, и без оглед на причините, без претходно известување. Крка не презема одговорност за било какви последици од таквите промени. 

Политика на приватност 

Крка ја користи оваа политика за приватност за да ја покаже својата посветеност на приватноста. Подолу следи опис на начините на собирање и дистрибуција на информации за нашата интернет страница.

Одредени делови од нашата интернет страница содржат информации кои се, според Актот за Медицински Производи, достапни единствено за лекари и фармацевти.
Според тоа, ние имаме обврска да ги собираме податоците за контакт на посетителите како и некои лични податоци на лекарите и фармацевтите кои сакаат да имаат пристап до професионалните информации за лековите. Овие лични податоци се користат за потврда дека Крка овозможува пристап на интернет страницата во согласност со легислативата за лекови. Посетителите се одговорни за точноста на сите лични и информации за контакт. Информациите за контакт на посетителите се користат за контакт со посетителот доколку и кога е потребно. Не ги користиме личните податоци и информациите за контакт за никакви други цели, ниту пак ги даваме на трети лица.

Вашата ИП адреса се користи за помош при откривање на проблеми со нашиот сервер и за администрирање на нашата интернет страница.

Некои интернет страници на Крка понекогаш зачувуваат информации во компјутерот на посетителот, користејќи ‘cookies ‘. ‘Cookies ‘ и некои други методи кои се користат за броење на посетите на интернет страниците ни помагаат да водиме евиденција за посетите, вклучително и како и кои страници се посетени, како и бројот на посетители. Ова ни помага да водиме евиденција за посетите,  вклучително и како и кои страници се посетени, како и бројот на посетители. Оваа технологија не се користи за прибирање лични податоци од индивидуални посетители на интернет страницата; таквите информации може да се најдат во колективна форма. Целта на оваа технологија и поднесените информации е да се подобри нашата интернет страница, како и да се зачуваат информациите за контакт и личните податоци за понатамошни посети на нашата страница.

Нашата интернет страница исто така содржи линкови до други страници. Крка нема одговорност за праксата на приватност или содржината на таквите страници.