Крка е една од водечките генерички фармацевтски компании во светот. Со своите високо квалитетни, ефикасни и безбедни производи од различни терапевтски области, успешно напредуваме на конкурентскиот фармацевтски пазар.
Во согласност со нашата Мисија и Визија, половина век успешно ги остваруваме нашите стратешки цели.
Нашите главни деловни активности вклучуваат фармацевтски и хемиски производи. Стратешката определба на Крка е насочена кон развој на високо квалитетни генерички производи со додадена вредност, кои ги пласираме на пазарот под сопствени брендови. Нашите клучни производи се наменети за употреба кај луѓето и вклучуваат препарати кои се издаваат на лекарски рецепт, препарати за само-лекување и козметички производи. Исто така произведуваме и сме присутни на пазарот и со производи наменети за животните. Нашите активности се надополнети и со здравствени и туристички услуги овозможени од нашата ќерка компанија Терме Крка.
Крка е позната иновативна компанија за производство на генерички лекови кои се продаваат во повеќе од 70 земји во светот. Нашите традиционални пазари се протегаат од Владивосток до Лисабон. Меѓународното присуство на Крка е зацврстено со бројните компании и претставништва низ светот, како и нашите сопствени производствени и дистрибутивни центри во Полска, Руската Федерација, Хрватска и Германија.
Ние во Крка интензивно развиваме генерички лекови со додадена вредност, што е резултат на нашето сопствено знаење и технологија. Со развивањето на нови лекови ние постојано ја прошируваме палетата на производи на Крка и навлегуваме во нови терапевтски области.
Ние во Крка знаеме дека компатибилноста, продуктивноста и доброто работење се резултат на квалитетот на нашите производи. Производството е во согласност со меѓународните производствени и фармацевтски стандарди, како и стандардите за управување, животна средина, принципите за безбедност на храната и принципите за здравје и безбедност при работа.
Нашата стратешка определба за развој на сопствени генерички производи исто така се остварува и преку инвестирање во истражување и развој на нови, модерни капацитети (Notol, RKC II, Sinteza 4), како и во нашата сопствена мрежа на производствено-диситрибутивни центри низ неколку земји (Полска, Руската Федерација, Хрватска, Германија).
Грижата за здравјето и квалитетот на живот се одразуваат и врз нашата поврзаност со животната средина. Преку развој на високо квалитетни процеси ние го забрзуваме развојот на чистото производство и го намалуваме оптоварувањето на животната средина најмногу што можеме. Ние сме посветени на балансиран развој, па затоа посветуваме особено внимание на заштитата на здравјето на нашите вработени и на животната средина.